
По успешната реализација на првото издание во 2025 година и изложбата „Иницирај промена! Креирај гласно“, која ги обедини младите преку уметност и емоционално изразување, Здружението за промоција, едукација и заштита на човековите и здравствените права „Биди Човек“ го објавува вториот јавен повик за учество во проектот за 2026 година.
Ако имаш 15–19 години, сакаш да запознаеш нови луѓе, те интересира уметноста и веруваш дека чувствата треба да се изразуваат — ова е можност за тебе.
Локација: Театар Сенки и Облаци, ул. Мирослав Крлежа бр. 67
Време: 12:00ч. – 15:00ч
„Иницирај промена! Креирај Гласно.“ – Прв фестивал на ментално здравје кој им дава глас на младите
Во време кога младите сè почесто се соочуваат со предизвици поврзани со стресот, анксиозноста, притисокот од околината и потребата да бидат разбрани и прифатени, разговорот за менталното здравје станува неопходност. Токму од оваа потреба произлезе идејата за првото издание на Фестивалот на ментално здравје „Иницирај промена! Креирај Гласно.“, кој од 9 до 15 јуни 2026 година ќе се одржи во просториите на Националната галерија – Мала Станица во Скопје.

На 10 декември 2025 година, во Галерија „Драгутин Аврамовски – Гуте“ (Сули Ан) беше отворена изложбата „Иницирај промена! Креирај Гласно“, поддржана од Ротари Клуб Скопје Интернационал.
Оваа изложба може да ја погледнте дигитално на следниот линк:
Тина Чачоровска, психолог: Твоите емоции не се слабост, тие се твојата сила, барањето помош е храброст, а не срам


Факти што не смееме да ги игнорираме
Според истражувања на UNICEF и Националната стратегија за млади:
- 29% од младите имаат умерени до потешки симптоми на депресија;
- 42% доживуваат симптоми на анксиозност;
- 57% од девојчињата на 15 години често чувствуваат тага или вознемиреност;
- Половина од младите имаат емоционална чувствителност и чувство на плашливост,
- а 44% избегнуваат непријатни спомени и чувства.

Ако имате од 15 до 19 години, сакате да запознаете нови луѓе, живеете во Скопје, ова е вашата можност да бидете дел од општеството кое ги комбинира уметноста и свеста! За што се работи?
