blog img

Повик за учество во второто издание на иницијативата„Иницирај промена! Креирај гласно!“
24–26 април 2026 година

По успешната реализација на првото издание во 2025 година и изложбата „Иницирај промена! Креирај гласно“, која ги обедини младите преку уметност и емоционално изразување, Здружението за промоција, едукација и заштита на човековите и здравствените права „Биди Човек“ го објавува вториот јавен повик за учество за 2026 година.

Ако имаш 15–19 години, сакаш да запознаеш нови луѓе, те интересира уметноста и веруваш дека чувствата треба да се изразуваат — ова е можност за тебе.

Локација: Театар Сенки и Облаци, ул. Мирослав Крлежа бр. 67

24 април 2026 - 17:00 - 20:00часот
25 и 26 април 2026 - 12:00-15:00 часот

Секојдневието на младите е исполнето со различни предизвици – стрес, притисок, несигурност, очекувања. Отворениот разговор за овие теми сè уште е редок, но уметноста нуди простор за искрено и безбедно изразување. Доколку зборовите не се твојата најсилна страна, те повикуваме да се изразиш преку бои, форми и креативност.

Што ќе опфаќа програмата?

Психолошко-уметнички работилници
Работилниците ќе се одржат во текот на три дена (24–26 април 2026), по три часа дневно:

  • Прв дел: работилница за емоции со психологот Тина Чачоровска
  • Втор дел: креирање уметнички дела со уметникот Доротеј Нешовски

Создадените дела ќе бидат дел од завршна изложба, а учесниците ќе можат да изберат дали нивните дела ќе бидат претставени анонимно, под псевдоним или со нивното име.

Кој може да се пријави?

  • Млади на возраст од 15–19 години
  • Не е потребно претходно уметничко искуство — потребна е само желба за учество

Како да се пријавиш?

РЕГИСТРИРАЈТЕ ГО ВАШЕТО УЧЕСТВО

Уметноста не е само финален продукт — таа е процес преку кој се запознаваме себеси, ги разбираме другите и иницираме позитивни промени. Биди дел од второто издание на „Иницирај промена! Креирај гласно!“ и помогни да создадеме простор каде младите гласно и храбро ги изразуваат своите емоции.

Проектот се реализира од Здружението за едукација, промоција и заштита на здравствените и човековите права „Биди Човек“, со поддршка од: Ротари Клуб Скопје, Ротари Клуб Скопје Интернационал, РК Скопје Камени Мост, Ротари Скопје Академија и РК Скопје Вардар 245.

Контакт:
📧 bidichovek@gmail.com
📞 072 443 840
🌐 bidichovek.org.mk

Со почит,
Тимот на „Биди Човек“