blog img

ВИЕ СТЕ ВАЖНИ! ВАШИТЕ МИСЛИ, ЧУВСТВА И ИСКУСТВА СЕ ВАЖНИ!

Ако имате од 15 до 19 години, сакате да запознаете нови луѓе, живеете во Скопје, ова е вашата можност да бидете дел од општеството кое ги комбинира уметноста и свеста! За што се работи?

Менталното здравје е исто толку важно како и физичкото здравје. Секој адолесцент се соочува со различни предизвици – стрес, притисок, несигурност, анксиозност. Со подигање на свеста за овие состојби, веруваме дека младите полесно ќе се справат со овие предизвици.

Што ќе правиме?
Психолошко-уметнички работилници – изразете ги вашите емоции преку уметност. Работилницата ќе се одржува еден ден, во траење од 8 часа (првиот дел е работилница на тема емоции со психологот Тина Чачоровска, вториот дел е создавање уметнички дела со Доротеј Нешовски). Групата ќе биде максимум 10 студенти – 10 студенти во сабота и 10 во недела.
Изложба на уметнички дела создадени од вас, младите.

Интерактивни сесии со психолози и експерти за ментално здравје.

Како можете да учествувате?
Доколку сакате да споделите дел од вашата приказна – преку цртање, креирање уметнички дела од глина, правење мозаик – ова е повик за вас!

Вашата приказна може да биде презентирана анонимно, јавно или под псевдоним.
Ќе имате можност за групна психотерапија и индивидуална поддршка.
Бројот на учесници е ограничен на 20 – затоа регистрирајте се брзо!

Кој може да се регистрира?
Сите млади луѓе на возраст од 15-19 години од целата земја.
Не е потребно претходно уметничко искуство – само желба за учество! Како да аплицирате?

Пополнете го формуларот за регистрација со вашите податоци: